ВМРО-ДПМНЕ обвинува

Зоран Заев и СДСМ се решени да уништат се што е македонско

10.01.2019 / 10:28


Република Македонија се наоѓа пред финалниот акт на црното и срамно сценарио на Зоран Заев и СДСМ за промена на името на државата, идентитетот, јазикот,  културата и историјата. Зоран Заев и СДСМ ги продадоа националните и државни интереси и ги погазија Уставот, законите и волјата на македонските граѓани, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Зоран Заев и СДСМ се решени да уништат се што е македонско и затоа насилнички и со закани и уцени врз пратеници и нивните блиски ја доведоа Република Македонија до финалниот чин за промена на Уставот со цел промена на уставното име.

За нив не важат законите, не важат демократските процеси, а ниту пак важи јасно искажаната волја на граѓаните на Република Македонија на неуспешниот референдум кога јасно порачаа дека се против  промената на името на државата. Две години ништо немаат сработено и единствено се фокусирани како да го променат името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата. За таа цел Заев во своја служба ги стави Кацарска Судството, Русковска обвинителството и СЈО и преку нивните механизми на криминален начин преку механизми уценува пратеници за да гласаат и да го исполнат неговиот црн план за погребување на Република Македонија, стои во соопштението.

Додека пак, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, целата македонска јавност е свесна селективното помирување и селективните промени на Кривичниот Законик беа единствено за исполнување на црното сценарио на аболицираниот Зоран Заев.

Европска Македонија не се станува со погазување на демократијата и волјата на граѓаните. Заканите, уцените врз пратеници и неистомисленици не се европски вредности исто како што европски вредности не се ниту механизмите на партиските Кацарска судство и Русковска обвинителство. Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во овој црн процес ниту има намера да му даде легитимитет за промената на Уставот и погазувањето на македонското достоинство и бришење на македонскиот идентитет кој нема поддршка и легимитет од граѓаните на Република Македонија. Северна Република Македонија можеби е на Заев, а за ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе остане Република Македонија онаа за која што мнозинството гласаше на референдум на 8 септември 1991 година. Македонија мора да престане да губи, во економијата, во бизнисот, во индустријата, образованието, земјоделието. На планот на државните и стратешки интереси и цели.  Затоа граѓаните ќе го казнат Заев и СДСМ за сите овие црнила и злодела кои и ги нанесуваат на Република Македонија.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски со порака до судиите: Тие со два посто рејтинг треба да си одат дома

пред 7 часа
Македонија

Мицкоски: Да влеземе прво во град Скопје, имаме многу работи да решиме

пред 8 часа
вмро-дпмне обвинува

Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“?

пред 10 часа
Македонија

Заев се врати од Дубаи да ја дозакопа СДСМ пред избори

пред 1 ден
Интервју со Александар Андов, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ

Животот во Кочани мора да продолжи, во тоа треба да помогнат и политичарите и граѓаните

пред 1 ден
Македонија

Нов Луна парк и обновена Зоолошка градина, вети Орце Ѓеоргиевски

пред 1 ден
Македонија

Северина се нагрна со знамето од Кутлеш (ФОТО/ВИДЕО)

пред 1 ден
Македонија

Николоски: Тројната црна коалиција на ДУИ, СДСМ и Левица, освен со црна кампања со ништо друго не се занимава

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Политиките на СДСМ кон соседите се чиста капитулација, нема да дозволиме предавства и потценување на државата

пред 2 дена
Македонија

Албанците во Лесковац летаа орли и победија

пред 2 дена