Зоран Заев се крие од македонската јавност и не сака да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик.
Заев спрема Декларација на договорот со Бугарија, за кој тврдеше дека е финален и ги затвора сите отворени прашања со Бугарија, и дека истиот ја гарантирал европската иднина на државата. Сега гледаме дека Зоран Заев ги лажел граѓаните. Договорот кој го потпишал ниту е финален, ниту ја гарантира европската иднина на државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев целиот мандат го помина во потпишување на некакви договори, а земјата тапка во место. Зоран Заев нема став и не ги осудува нападите кои доаѓаат кон Македонија. Зоран Заев молчи и по прашањето дали навистина сака да го направи македонскиот народ геноциден народ, работа за која во јавноста проговорија некои македонски историчари. Зоран Заев како премиер ги обременува и државата и народот со работи за кои не се преговара. Зоран Заев треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува продавањето на Гоце Делчев и македонскиот јазик и дека секој негов договор за тоа нема да биде почитуван од ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде поништен со нашето доаѓање на власт, велат од партија.
Comments are closed for this post.