Премиерот во заминување последнен пат е виден во јавноста во неделата вечер по изборите кога разочаран од убедливиот пораз најави дека ќе се повлече од владата и од партијата.

Но, се остана само на најава.Заев една недела не ја депонира оставката во Собранието како што е редот за да може да почне постапката за негова смена и за за пад на владата.

Од СДСМ велеа дека тој ќе ја поднесе оставката но не го кажуваа точниот термин надевајќи се на добри вести од Брисел.

Дека Заев го нема ниту жив ниту виртуелно покажува и неговиот Фејсбук каде од 31 октомври нема никаква објава. Не се појавил ниту во просториите на СДСМ на „Бихаќка“ а се говори дека е виден низ планините како вози мотор иако за тоа не постои фотографија или снимка.

Оттогаш се случија нови моменти.Заев го загуби и онака тенкото мнозинство во Собранието. Сега новото го сочунуваат ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и Левица кои за денеска најавија дека ќе поднесат барање за гласање за недоверба на влада.Веќе во четврток Заев и официјално ќе биде поранешен премиер.

Ова не е прват Заев едноставно да исчезне.Го немаше по француското вето за кое подоцна рече дека го скршило.

Не беше присутен ни на инаугурацијата на претседателот Пендаровски кога преку видео порака снимена којзнае од каде му го честиташе стапувањето на функцијата.

Тогаш опозицијата реагираше дека Заев и неморало да биде физички присутен бидеќи Пендаровски е негова сенка кој само треба да ги аминува криминалите и корупцијата.