На првиот ден во Новата година вистинска гунгула на Водно. Скопјани по новогодишната ноќ, го искористија убавото и сончево време за прошетка на чист воздух.
Оние кои тргнале порано успеале да стигнат со возилата до Средно Водно, но оние кои поитаа попладне немаа можност да стигнат до горе и се вратија назад. Сообраќајот го регулираше полицијата и не дозволувапе возила да одат нагоре, поради огромната гужва на паркингот на Средно Водно и немање простор за паркирање на возилата.
Сепак оние кои успеале да се качат до Средно Водно, повторно имаа можност да уживаат во возењето со жичарата до врвот.
На билетарата се бараше билет повеќе, а посетителите беа повторно возбудени затоа што жичарата е повторно во функција. Сите 28 кабини од жичарата беа постојано пополнети. Посетителите се качуваа и се симнуваа. Билетот до горе и назад чини 100 денари, а во една кабина, поради ковид протоколите можат да влезат само четири лица.
Големиот интерес за жичара покажува дека на скопјани сепак им недостасуваше возењето, посебно за оние кои од било кои причини не сакаат или неможат да се искачат пешки до врвот.
Жичарата се стави во функција пред два дена, по речиси година и пол пауза.
Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), информираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Comments are closed for this post.