Сведокот Адријан Амзоски на рака му дал 350.000 евра на Бојан Јовановски а потоа трговското друштво „Дрим билдинг“ преки авторска агенција на име Јасна Мандиќ уплаќа 15.000.000 денари во јануари 2018 година, потоа 13.392000 , во февруари 1.103.986 и во март истата година 985.639. денари. Парите ги подига Јасна Мандиќ како наводен коавтор на проектот а потоа му ги дала на Бојан Јовановски.

Овие прашања денеска судијата Огнен Ставрев не дозволи да бидат поставени на Амзоски како и тоа дали по повлекувањето на обвинението од страна на СЈО со СМС порака му се заблагодарил на Бојан Јовановск и му рекола „ајде сега да работиме“, мислејќи на негово вложување во проектот за изградба на домови за стари лица.

За потсетување, на 15.10.2017предметот против Амзоски. т.е обвинителниот акт е прифатен од судот што значи е и потврден и е во фаза на оценка на обвинителен акт. На 20.10 2017 година без ниту еден дополнителен доказ обвинението е повчечено од страна на Бурим Рустеми и Катица Јанева од СЈО.

Тогаш почнува комуникацијата на Амзоски и Јовановски и намерата на зетот на Фиат Цаноски да се вклучуи во проектот на Боки.