Пратениците денеска го изгласаа Законот за прекинување на бременоста.

Согласно новиот Закон за прекин на бременоста, се укинува тридневното чекање и останатите административни бариери за остварување на правото на абортус.

Со измените на законот, жената исто така ќе добие комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата. Одлуката за прекин на бременоста, жената ќе може да ја донесе свесно, без принуда од кого било, врз основа на објективни информации поврзани со интервенцијата, со посебна медицинска интервенција за која слободно таа одлучува.

Новиот Закон предвидува прекинувањето на бременоста да може да се изврши до истекување на дванаесеттата гестациска недела, со писмена согласност од бремената жена. Ако жената е малолетна или и е одземена деловната способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши со писмена согласност од родителот, односно старателот.