За првпат во историјата на независна Република Македонија и „другите“ етнички заедници застапени во преамбулата на Уставот ќе имаат пратеник, кој јавно ќе ги брани нивните запоставени интереси во изминатите 28 години, изјави на денешната прес конференција во Собранието на РМ, новиот пратеник Рубин Земон, кој доаѓа од редовите на Еѓипќаните.
Во нашето општество и политички живот има многу горливи проблеми. Еден од приоритетите на моето делување во Собранието ќе биде покревање на свеста на политичките субјекти и наметнување на политиките на општествена правда и општествената кохезија, со кои треба да се намали влијанието на етноцентристичките и етнократските парадигми, што предолго влијателно опстојуваат во нашиот јавен живот. Тие се една од главните препреки за развојот на нашето општество во секоја смисла, благосостојбата на граѓаните со мирен и спокен развој. Македонија не смее да биде генератор на дискриминација и исклучување или, пак, одделување како граѓани од прв, втор, трет или четврт ред, изјави Земон на прес конференцијата.
Тој смета дека барањето на БЕСА за интервенција во уставните амандмани не го загрозува македонскиот идентитет.
Comments are closed for this post.