Jавното комунално претпријатие „Маврово“ утрово ги информира жителите на местата што се снабдуваат со вода во овој регион да не ја пијат водата од чешмите поради заматување.

Како причина се наведуваат земјотресите што утрово беа регистрирани во овој регион.

ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани, Поради земјотресот кој епицентар беше во Мавровскиот регион, дојде до заматувње на водата за…

Posted by ЈПКД Маврово on Wednesday, November 11, 2020

„Поради земјотресот, чиј епицентар беше во Мавровскиот Регион, дојде до заматување на водата за пиење во водоснабнителните мрежи. Ви препорачуваме извесен период, додека не се смират потресите, да не ја пиете водата директно од вашите чешми“,

објавија од Јавното претпријатие на својата фејсбук-страница.

Земјотресот што утрово во 4:54 часот беше почувствуван на цела територија на земјава бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.