Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, испрати прашања до ДУИ и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во врска со вчерашната седница на која пратениците требаше да се произнесат за имунитетот на поранешниот спикер Трајко Вељаноски.

„Талат Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски?!!!…
Го СПАСИЈА за да ги “СПАСИ” некогаш ВМРО нив или …???…
Народот вели: “ Во секое ЗЛО за добро” … Јавноста уште еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија.
И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: “Ако не се срамиш, прави што сакаш”.

П.С
ДУИ 2014 = 153.000
ДУИ 2016 = 86.000
ДУИ 2019 = …“, напиша Зекири.