Здружението на музички педагози реагира на најавената нова концепција за основно образование и во допис до медиумите укажува дека години наназад музичките педагози се оштетени со намалување на фондот на часови.
Разгледувајќи други образовни концепции, како што наведува, увиделе дека предметот Музичко образование во нацртот е застапен со најмал фонд на часови.
Со новата концепција сметаме дека е направена неправда, наместо да се зголеми фондот на часови, тој се намалува. Сметаме дека фондот на часови по предметот Музичко образование треба да се зголеми со тоа што предметните наставници ќе предаваат од прво до девето одделение. Според предлогот на новата концепција, сметаме дека се оштетени наставниците, а дирекно и учениците кои ја губат уметничко-духовната компонента, се наведува во реакцијата на Здружението и неговата претседателка Силвана Гелеска.
Здружението бара музичките педагози активно да бидат вклучени во изработката на новата концепција за основно образование.
Comments are closed for this post.