Со детската театарска претстава „Волкот низ приказните“ официјално почна програмата на новогодишната населба „Винтерленд“, поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Од утре веднаш до украсените дрвени куќички ќе биде отворено и лизгалиште на мраз, со кое ќе се збогатат разновидните содржини од новогодишен карактер за посетителите од сите возраста. Има катчиња за детски игри, топ за вештачки снег, улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти, детски театарски претстави.
Програмскиот дел во текот на неделата почнува од 17 или од 18 часот, а во текот на викендите од 11 или од 12 часот, а трае до 22 часот, а во некој денови и до полноќ.
Во културно-забавната програма ќе учествуваат: Театарот за деца и младинци, Златно славејче, балетската и фолклорна секција од ДКЦ, хоровите од средните училишта на Град Скопје „Никола Карев“, „Раде Јовчевски-Корчагин“,„Васил Антевски-Дрен“,„Панче Арсовски“, СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Јосип Броз-Тито“ и „Орце Николов“, како и ди-џеј Flooder, ди-џеј Милан Серафимов, Plan G, RNC Band, In the mood, Day OFF, Марко и Црни, DNK, Мина Блажев, ди-џеј Тина, Goce SAF, Лозано, Lady Blue, Peppermint, South Park, Салса бенд, Breakdown, Kepurdhat, Ѓоко Танески, Дарио, Џоле Максимовски, Tafa&Theband и Тони Зен.
На 23 декември со почеток од 12 часот ќе се одржи и дедомразовска трка.
Во оваа предновогодишна забава одличен додаток ќе бидат греаното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна.
Новогодишната програма и „Винтерленд“ е поддржан од Делегацијата на Европската Унија која го обезбедува лизгалиштето што е поставено на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба. Исто така, настапите на средните училишта од Град Скопје, како дел од забавната програма, се поддржани од Делегацијата на Европската Унија.
Comments are closed for this post.