По 8 часа чекање на скопскиот аеродром турската компанија „Онур ер“ испрати авион со кој стотината македонски туристи конечно во 10.40 ќе летнат за Хургада.
Да, авионот е подготвен, веројатно малку подоцна ќе полетаме од 10.40, но конечно сите сме среќни што компанијата обезбеди авион“, ни изјави телефонски една од патничките.
Повеќе од 150 македонски туристи повеќе од 8 часа беае заглавени на скопскиот аердром, зашто компанијата „Онур ер“ не долетала во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада. Патниците со кои утринава телефонски разговаравме беа изреволитирани и рекоа дека заради малтретирањето размислуваат да поднесат тужби против агенциите.
Им рековме дека поради доцнење на летот за повеќе од 3 часа имаме право да поднесеме тужба и сериозно размислуваме така и да постапиме. Компанијата мора да плати за нашите предизвикани проблеми без разлика дали станува збор за технички проблем или. Во секој случај ние губиме со ова големо задоцнување. Практично еден ден од аранжманот ни отиде, ни изјави друг патник.
На скопскиот аеродром, групата, која е прва тура за Хургада во новата туристичка сезона, дошла околу 2 часот по полноќ, по што авионот на „Онур ер“ требало да полета за Хургада. Некои се со деца. Им дале вода и кафе, а сендвичи немало за сите. Пушачите најтешко поминале зашто биле на терминал и не им било дозволено да излезат од аеродромската зграда за да запалат цигара.
Добро, е конечно ќе летаме на одмор. Се надеваме дека ќе имаме добар лет и оти и одморот во Хургада ќе ни помине без непријатни изненадувања, ни рече патничката Гордана И., подготвувајќи се да влезе во авионот на компанијата „Fly2Skay“.
Comments are closed for this post.