Затвореник издржувал казна во затврот „Идризово“ починал откако имал обид за бесење. Првично, од други затвореници тој бил спречен во обидот да се обеси со ремен, но на пат кон болница, сепак, починал.

Вчера вработен во Казнено поправна установа „Идризово“ пријавил дека околу 15 часот во КПУ „Идризово“ затвореникот Г.Н. (45) од Кавадарци, се обидел да се обеси со ремен, но од страна на други затвореници ременот бил отстранет. На пат кон комплекс клиники „Мајка Тереза” Г.Н. почина – се наведува во соопштението од МВР.

За случајот бил известен јавен обвинител, кој наредил обдукција на телото на починатиот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот