Еден затвореник од затворот во Идризово со тешки телесни повреди е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде што е задржан на болничко лекување.
Повреден е 40-годишниот Р.Ј. од село Ропалце, кој бил прободен со нож при инцидент во кој бил нападнат од друг затвореник, 24-годишниот Е.А. од Тетово.
Како што соопштија од МВР, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.