Иако беше најавено за утре, засега нема закажано собраниска комисија на која треба да се одлучува за одземање на мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски.

За овој случај треба да расправа мандатно-имунитетната комисија со која раководи Павле Богоевски. Тој вчера побара одложување на седницата за неколку дена односно откако ќе заврши комисијата за одбрана.

На интернет страницата на Собранието за утре има закажано четири седници , но не и на комисијата која треба да расправа за пратеникот Груевски.

Спикерот Џафери пред неколку дена ја извести матичната комисија дека Груевски кој доби азил во Унгарија повеќе од шест месеци не се појавил во Собранието.