Во кичевската болница, осум медицински лица се позитивни на Ковид-19, јавува репортерот на ТВ21 од Кичево.
Заразени се две медицински сестри, 4 специјалисти и 2 лекари. Последните денови во Кичево има од 15 до 30 заразени дневно.
Директорот на здравствениот дом Џабир Бајрами пред неколку дена истакна дека ситуацијата е тешка.
Во Кичево бројот на заразени од почетокот на пандемијата изнесува 594, а бројот на активни случаи е 189.
Comments are closed for this post.