Заменик – командантот на американските сили во Европа, генерал-мајор Џозеф Џерард денеска ќе престојува во еднодневна посета на Македонија.

Американскиот генерал Џерард во Министерството за одбрана ќе има средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

По средбата е предвидена заедничка прес-конференција на генералот Џерард и министерката Шекеринска.