Денеска се одржа онлајн состанок на министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Бугарија и Германија, Бујар Османи, Хајко Мас и Екатерина Захариева.
Нашите услови не се сменети повеќе години. Мене ме чуди дека тоа е нешто ново за вас. Да ќе ја сносиме нашата одговорност, но многу би сакала и колегите од Скопје да ја имаат нивната одговорност и да ја сносат бидејќи имаме германско претседателство во моментов, а тоа е една од земјите основачи. Не се многу такви, треба тоа да го потенцирам, кои го поддржуваат проширувањето, посебно за земјите од Западен Балкан. Милам дека е шанса што Скопје не треба да ја пропушти, рече Захариев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во рамки на Берлинскиот процес.
На новинарско прашање дали Бугарија ќе ја блокира Северна Македонија во декември кога треба да се случи меѓувладината конференција, таа истакна дека ставовите на Бугарија се непроменети, и дека тие превземаат одговорност. Порача дека и другата страна треба да биде одговорна.
Захариева истакна дека во последните месеци имало многу говор на омраза од Македонија кон Бугарија, и тоа било силен аргумент за блокирање на процесот.
Верувам дека Договорот за добрососедство од 2017 година, ако се исполнува со добра волја и совесно и ако не се бараат начини за заобиколување на неговите точки, ги има сите гаранции да се решат отворените прашања. За жал тоа не го гледаме некое време и неколкупати сигнализиравме кон колегите во Република Северна Македонија. Само последните месеци имаше повеќе од десет илјади негативни публикации со говор на омраза кон Бугарија, што ги сметаме за говор на омраза кон Бугарија, и тие не треба да продолжат. Бугарија била и ќе биде една од државите кои ќе ги поддржуваат земјите од Западен балкан, но и тие треба да имаат своја одговорност и да се насочат кон реформи. Не треба во ЕУ да бидат пренесени проблеми од надвор, рече Захариева.
Comments are closed for this post.