Ако не се договориме околу датата за чествување на сеќавањето на Гоце Делчев, нема да работиме во мешовитата комисија со Македонија, изјави за БТВ бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева. Според неа, Бугарија нема да прави компромис околу датумот и не се согласува чествувањето да е на 7 октомври, како што предлага Северна Македонија, пишува „Сега“.
Со поколенија ги учат децата во Македонија на лаги и фалшив национализам, но тоа не може да биде прифатено од наша страна, изјави Захариева.
Според неа, целата македонска историја е создадена врз основа на поделба со Бугарија, но барем историјата во учебниците да е коректна.
Вчера пред комисијата во фокусот го имавме, а до крајот на годината и суштински резултати со појаснувања за Гоце Делчев и Илинденско-преображенското востание. Тие две работи се клучот. Се разбира, направивме и извештај за завршената работа-имаме успех околу темите за цар Самоил, Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум. Но, како да направиш компромис со вистината за Гоце Делчев-се разбира дека нема да отстапиме, дополни министерката.
Според неа, повеќето Бугари не слушнале за датумот 7 октомври-тоа е датумот на едно од најголемите предавства во бугарската историја, извршено од БКП, кога по 1944 година, под притисок на Сталин и Тито ги признаваат Македонците како Бугари, што и е сторено на тој датум во 1946 година. Затоа, таа дата не може да се чествува.
Comments are closed for this post.