Лошото водење на градот не е карактеристично само за Скопје.Од главните градови во поранешна Југославија, и Загреб како нашиот град е во очајна состојба и оставен практично без раководство.
Жителите на Загреб на социјалните мрежи споделуваат фотографии од нивниот град за кој велат дека не го паметат вака валкан и запуштен.
Ѓубре на сите страни, раскопани улици, очаен градски превоз. Наместо нови трамваји беа донесени 20 години стари од германскиот град Аузбург. Ова ви звучи познато нели?
Тоа е така од доаѓањето на чело на градот на актуелниот градоначалник Томислав Томашевиќ.Овој 42 годишен еколошки активист дојде на чело на градот од НВО секторот без никакво искуство. Претходно беше член на движењето УРС.
Сосема друга била сликата на Загреб додека на чело бил Милан Бандиќ кој почина пред неколку години. Тогаш градот блескал но тоа не им одговарало на многумина.
За способноста на Бандиќ вчера проговори и претседателот на Србија Вучиќ, кој рече дека пред неколку години бил во Белград и бил воодушевен што изгледа како вистина метропола. Дури и сакал да прави „Загреб на вода“, налик на истиот проект во Белград кој го препороди градот и донесе многу странски туристи.
– Бандиќ беше во Белград во 2016 година. Се сретнавме и разговаравме за „Белград на вода“.Тој беше со сите наши разлики, снаодлив, херцеговец, вреден, способен. Веднаш ја фати приказната за Белград на вода и сакаше да го направи Загреб на вода-откри Вучиќ.
Comments are closed for this post.