Полицијата во Малта објави дека младиот Македонец, Мартин Калинчев загинал од струен удар.
Како што објавија тамошните медиуми Калинчев загинал утринава околу 9.30 по локално време, додека работел. Инцидентот се случил додека Мартин бил качен во дигалка и се допрел до електрични кабли.
Веднаш била повикана брза помош и е префрлен во болница, каде е констатирано дека починал од сериозни повреди.
Comments are closed for this post.