Луис Сигноре од Њујорк го прослави својот 107. роденден со пријателите и голем број новинари, а сите присутни беа љубопитни за тоа како успеала да доживее длабока старост и која е тајната на долговечноста. Луис вели дека доживеала длабока старост бидејќи никогаш не се омажила.

„Дефинитивно, тоа е тајна. Сестра ми рече дека посакува никогаш да не се омажила“, вели Луис, која на семејството и на пријателите им забрани да ѝ прават роденденски забави кога наполни 100 години, но тие не ја послушаа.

Луис е многу здрава жена за својата возраст, зема само една пилула на ден против висок крвен притисок. Пред неколку години таа беше ограбена на улицата кога крадец ја турна на земјата, но таа не се плаши.

„Во добра форма сум и секако дека и понатаму излегувам на прошетки“, вели бабата.