Се соочуваме со проблем на  завршен тендер од септември 2016 година кој го отвораме после повеќе од шест месеци бидејќи нема реализација, објасни денеска премиерот Зоран Заев за спорниот тендер во М-НАВ и во кој има сомневање за вмешаност на Генералниот секретар Драги Рашковски.

Според Заев, Рашковски не е виновен.

Да обвинувате некој дека разговара за мито и за корупција апсолутно не е така бидејќи не постоело. Се бара записник да се води за самиот состанок, осум души се на состанокот.Не ја гледам вината. Санкцијата на политичка одговорност е едноставна санкција и  никој не е венчан за својата функција-објасни премиерот.