Премиерот Зоран Заев коментирајќи го големиот број неважечки ливчиња на изборите нагласи дека рече дека на секои избори има околу 30.000 но оти овој пат таа бројка се чини поголема според излезноста.

Неважечките ливчиња е израз на незадолство и делумно грешка. На пример во Охрид Стевче Стевовски е број 3 и Стево Пендаровски исто така е број 3.Но, имаме и акт на незадоволство од граѓаните кое е јасно видливо од граѓаните-објасни премиерот.

ПресингТВ по првиот круг од претседателските избори ја анализираше ситуацијата со големиот број неважечки ливчиња и нивното можното влијание врз резултатот од изборите.