Премиерот Зоран Заев изјави дека со неколкуте промени на министри и директори, Владата досега покажала одговорност, а тој принцип на работа ќе биде задржан и во случајот со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. Заев појасни дека доколку истрагата потврди оти тоа што се појави во снимката која покажува дека Дудуш малтретира граѓанин е вистина, тогаш ќе побара промена на Дудуш.
Не само што реагирав лично туку и јас сум згрозен. Секако тоа е видео снимка која што се појавила на социјалните мрежи, ја видоа сите, ја видов и јас, внимателно ја ислушав. Оставам органите на истрагата да го потврдат тоа. Јас апелирав да се истражи. Законот мора да важи за сите. Секако ако се потврди при истрагата ако тоа е точно, треба да се носи одговорно. Секако јас сум првиот што ќе побара од него да си поднесе оставка – изјави премиерот за скандалот со градоначалникот на Шуто Оризари Дудуш Курто.
Comments are closed for this post.