Премиерот Зоран Заев во интервју за МИА објаснува за вчерашниот настап во кој на изненадување на сите го употреби зборот „педер“ во контекст за тоа кој сака да ја урне Владата.
И јас и Владата, цврсто стоиме во одбрана на слободата на изразувањето, слободата на медиумите и во одбрана на човековите права на сите индивидуи во нашата земја. За мене и за Владата сите луѓе се еднакви. Не правиме разлики врз основа на верска, етничка, социјална, политичка, сексуална или каква било друга основа. Заедно со сите граѓани посветено го градиме и ќе продолжиме да го градиме концептот на едно, заедничко и фер општество за сите. Владата цврсто стои на својата определба за недискриминација и за почитување на различностите на сите заедници во земјата, вклучително и ЛГБТИ заедницата. Во Северна Македонија нема веќе напади врз ЛГБТ лица, се одржа слободна и безбедна парада, а сексуалната определба е вклучена во измените на новиот Закон за антидискриминација, за кој опозицијата гласаше против.
Comments are closed for this post.