Врховниот суд денеска дoнесе решение со кое се ослободува поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина и тој нема да биде екстрадиран.

Вчера се шпекулираше за ваква одлука, но денеска и официјално судот испрати соопштение со кое потврдува дека не се исполнети условите за негова екстрадиција.

Врховниот суд ја информира јавноста дека на 14 август 2019 година, донесе решение по предметот заведен под Кр.бр.30/2019 со кое го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., државјанин на Велика Британија и на Република Косово – пишува во соопштението.