Во пресрет на утрешниот состанок на ЕУ министрите за надворешни работи, германскиот весник „Ханделсблат“ го пренесува оптимизмот на премиерот Заев дека неговата земја ќе добие позитивна одлука.
Очекувам позитивни и јасни заклучоци кои ќе утврдат дека годинава ќе ги започнеме преговорите за членство и со тоа ќе добиеме една дополнителна мотивација за реформскиот процес во Северна Македонија. Во 2025 или 2030 да станеме членки на ЕУ. Не знам. Прашање е кога ние ќе бидеме подготвени за Европа, и кога Европа ќе биде подготвена за нас. Обете страни се важни. Најважно е дека реформите на тој пат ќе бидат од корист за земјат, вели Заев за Ханделсблат.
Comments are closed for this post.