Од денеска треба да почне издавањето на новите регистарски таблички за возилата со ознаката „NMK“.

Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на возилата.

Обврската за замена на табличките на кои е досегашната ознака „МК“ со новата „NMK“ произлегува од Договорот од Преспа со кој се реши спорот за името со Грција.

Од стапувањето во сила на Преспанскиот договор, досега се даваа бесплатни налепници со ознаката „NMK“ на граничните премини при влез или излез на возилата од Македонија. 

Покрај автомобилите, таблички со „NMK“ ќе имаат и автобусите, камионите, мотоциклите, тракторите…, иако некои од овие возила никогаш не излегуваат од земјата.

Според правилникот за форма и изглед на сообраќајните регистрации, сите возила ќе мора да имаат регистарски таблички со ознаката „NMK“ најдоцна до февруари 2024 година.