На обраќањето во Виена, говорејќи за европерспективите во регионот и за тоа зошто Македонија треба да добие датум за преговори, премиерот Заев нагласи дека и земји-членки на ЕУ имаат проблеми слични како нас. Според Заев, Полска и Унгарија имаат проблем со владеењето на правото и внатрешни проблеми и дека нив ги споменува транспарентно.

Ние сакаме да бидеме дел од Европа бидејќи ние веруваме во европските вредности. Понекогаш можеби повеќе веруваме во тие европски вредности од некои држави членки. Споменувам транспарентно, држави како Полска, Унгарија каде имаат проблеми со владеење на правото и други внатрешни проблеми-рече премиерот.