Секоја земја посакува да има силна опозиција и секоја информација за спорот за името го споделував со лидерот на опозизијата Мицкоски бидејќи знаев дека тоа е можно само со двотретинско мнозинство, изјави денеска премиерот Зоран Заев на седницата за уставни измени.

Ова е тешка одлука и ВМРО-ДПМНЕ знае дека подобар договор не може да се постигне. Мицкоски го избегна целиот процес. Точно е го променив својот став за името но тоа носи прогрес.Едно решение за надвор едно за дома  носи нови кавги-рече Заев