Одредувањето на 15 јули за датум за избори ја покажа на дело принципиелната политика на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Наместо лицитирање со датуми како што правеше Зоран Заев, Мицкоски бараше гаранции.
Гаранции не за себе, туку првенствено за заштита на здравјето на граѓаните на изборниот ден за да не ни се случи токму денот на гласање да биде нов пик со заразени од корона. И второто барање на Мицкоски беше пристигнување на набљудувачите на ОБСЕ и ОДИХР пред почетокот на изборната кампања.
Така се дојде до датумот 15 јули, а не со силење како што сакаше да направи Заев кој во една прилика рече дека е подготвен да оди на избори без опозиција и да добие „чист“ мандат. Но, за вреќа се вразуми или пак некој „одозгора“ го вразуми.
Повеќе од очигледно е дека Заев е нервозен од поразот на изборите кој е неизбежен. На секоја прес конференција зборува различно, зборот не му држи ниту еден ден, народски кажано „денеска едно утре друго“.
За разлика од него, Мицкоски делува стабилно, со цврт став, и сигурни шаховски потези. Дезориентираноста на Заев најмногу дојде до израз со корона кризата. Македонија брка рекорди по број на починати и за заразени, а Заев пред неколку дена се пофали дека сме имале еден од најквалитетните здравствени капацитети. Токму тој „квалитетен“ здравствен систем ја претвори Македонија во балкански Вухан и единствена земја во Европа со затворени граници.
Comments are closed for this post.