Зоран Заев го промовирал Димитар Ковачевски за наследник на лидерската позиција на состанокот на Централниот одбор, брифира за ТВ 24 висок партиски функционер од состанокот.
Според истиот функционер немало реакција од членовите на оваа најава.
Зоран Заев ја потврдил вечерва намерата за повлекување од партиското кормило пред Извршниот одбор на СДСМ, кој заседаваше пред да почне седницата на Централниот одбор, кој, сепак, е крајна инстанца за официјализирање на оставката. Иако негови блиски соработници од партискиот врв, според информациите и вечерва се обиделе да го премислат, Заев останал на позициите што ги соопшти уште ноќта на 31 октомври.
Comments are closed for this post.