„Секој ваков ден е убав за гласање кога граѓаните на најдиректен демократски начин носат важни одлуки за својата земја“, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по гласањето на избирачкото место 1730 во Струмица, каде гласаше заедно со сопругата Зорица.
Тој додаде дека од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи: успешно избереме претседател на државата и секако да избереме претседател кој ќе не води напред.
Comments are closed for this post.