Вчерашното сведочење на Бојан Јовановски потврди дека се правел пазар со пратеници за промена на името и дека на маса било ставено и СЈО. Боки беше директен и откри дека Заев бил решен да го сруши СЈО бидејќи направило голема штета со обвиненијата врз Сашо Мијалков и Орце Камчев бидејќи тие му биле потребни да извршат влијание врз пратеници кои требало да гласаат за промена на името.

Камчев наводно имал сигурни тројца пратеници, а Мијалков и повеќе.

Мојот телефон не се вештачи затоа што имам комуникација со Зоран Заев и Сашо Мијалков. Јас сум бил сведок дека они им ветуваа ослободување и олеснување на мерките за да повикаат на референдум и за уставните измени. Ова може лесно да се провери дека на 10 ноември 2019 јас се сретнав со Заев, а тој ми рече дека Катица направила голема грешка со предметот „Империја“ -тврди Јовановски.

Исто така спорно е однесувањето на тогашниот премиер кој рече дека го предупредил Боки дека има докази против него наместо да го пријави случајот.

Заев по долго размислување се сети дека случајот „Рекет” го пријавил на 22 април 2019 година, иако за тоа не достави никаков записник што редовна процедура кога се пријавува во Јавното обвинителство.