На прашањето на телевизија Телма за изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека сме спремни да ги внесеме Бугарите во Уставот, Заев на денешната прес конференција одговори дека има спремност во Уставот да се внесат, не само Бугарите, туку и Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците и Романците.

Пред влезот во ЕУ, мора да го отвориме Уставот. Една од причините се помалубројните заeдници кои живеат тука и треба да се внесат. Тоа го направи Хрватска пред влезот. Имаме спремност, не само за Бугарите, туку и за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои и да ги имаме од помалубројните етнички заедници. Ние сме отворено општество, европска земја и ќе го следиме примерот на европските земји“, кажа Заев на прес-конференцијата за презентација на новата владина агенда „Европа дома“.