Премиерот Зоран Заев преку својот фејсбук-профил информира дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се пријавил во Обвинителството за организиран криминал и оти обезбеден е неговиот домашен притвор.

После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!, напиша тој.