Заев отфрли секаква поврзаност на случајот „Рашковски“ со одлуката на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, да се повлече од партиската функција. Тој посочи дека една од главните заложба на Владата е законот да важи еднакво за сите, но повторно побара да се почитува пресумција на невиност, потенцирајќи дека „нема недопирливи, како што нема ни виновни додека не се докаже тоа“.

– Апсолутно во овие неколку години ја свртивме областа во делот на владеење на правото целосно во позитивна насока. Покажавме како на транспарентен начин, без какво било влијание, можат да работат и Обвинителството и судството. Дали е тоа преку постапките на Јавното обвинителство или преку судските рочишта секојдневно. Водиме транспарентни постапки кои секојдневно дефинитвно се најголемиот коректив за одговорноста при работењето и апсолутно не гледам никакви точки на поврзаност на случајот „Рашковски“ со тоа што Радмила нема да биде повторно кандидат за заменик претседател на СДСМ, истакна премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.