Македонија има сериозна поддршка од претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, за храброто лидерство што води кон успешно завршување на политичките процеси во насока на отпочнување преговори со ЕУ во јуни 2019 година соопшти македонскиот премиер Зоран Заев кој имаше билатералната средба со Туск.
Освен средба со Туск, Заев во Брисел беше дел и од средбата на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, со лидерите од Западен Балкан.
Како што соопштуваат од прес-службата на Владата, на средбата со Могерини посебно е дадена поддршка за донесениот Закон за амнестија и е нагласено помирувањето како важно за успешна реализација на процесите, како и за граѓаните во државата.
Како што изјави Заев за работниот ручек што го организираше европската претставничка со лидерите на Западен Балкан, тој поминал со изразена заедничка согласност за решавање на билатералните прашања во духот на регионалната стабилност, при што било констатирано дека државите можат да си помогнат едни на други во процесите.
Comments are closed for this post.