Денеска претседателот на Владата  Зоран Заев, заедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска, присуствуваа на Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)” во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”.

Во обраќањето премиерот Заев ги потенцираше двата значајни јубилеа – 75 години од објавувањето на македонската азбука и на македонскиот правопис.

 „Да бидеме чувари на македонскиот јазик оти македонскиот јазик сум јас, македонскиот јазик сте вие, македонскиот јазик сме сите ние”.