Премиерот Зоран Заев денеска имаше свое обраќање пред пратениците во Европскиот Парламент во Стразбур, каде зборуваше за Договорот со Грција и референдумот во Македонија кој треба да се одржи на 30. септември.

„Првпат македонски премиер зборува во Европскиот парламент и му се даде шанса да зборува на македонски јазик. Народот на нашата земја е на историски крстопат, пред историски предизвик, рече Заевна почетокот.

Заев рече дека Северна Македонија ќе биде новата членка на ЕУ и НАТО со признаен македонски народ и македонски јазик. Ова е најдобрата шанса што нашата земја ја добила и таа шанса за влез во ЕУ и НАТО треба да ја зграпчиме.

„Уверен сум дека народот во Македонија таа шанса ќе ја искористи. тоа е нашиот влез за ЕУ и НАТО. Народот го поддржува членството во ЕУ и европските вредности. Нашите млади луѓе сонуваат за европска иднина. Сега одлучуваме за нашата иднина и да го заокружиме членството во НАТО и ЕУ. Го остваруваме сонот на европска Македонија. Верувам дека нашите граѓани на 30 септември ќе гласаат за Европа, за посилна Европа, за единство и поголема стабилност во регионот. И оваа покана да говорам денеска пред вас е силна поддршка за нашиот европски пат“, рече Заев.

Решението на нашиот спор за името со Грција, рече Заев, беше услов за преговорите за пристапување во НАТО и ЕУ. „Тоа беше силна мотивација за нас со што создадовме модел за одржлива заедница на пријателство. Уште со референдумот за независна Македонија сонувавме за иднина во слободно и отворено општество. Не сакаме да бидемеизолирани од останатиот дел од светот. Сакаме просперитет, правда, безбедност и сигурност, сакаме крај на политичките репресии и на сиромаштијата. Сонувавме да бидеме дел од европското семејство. Земјите од Балканот припаѓаат на ЕУ. Перспективата за членството во ЕУ е мобилизирачки фактор за успешно спроведување на реформите и справување со предизвиците. Направивме напредок, но сѐ уште не е доволно. Соништата не се оствариле, можеме да направиме подобро. Се бориме да не бидеме изолирани. Имавме конфликти со нашите соседи, но нашите визии се подобрата иднина. Нема да се откажеме. Свои на своето, земја почитувана членка на меѓународната заедница. Правиме сѐ за да ги постигнеме стандардите на ЕУ. Ги знаеме препораките, тоа се нашите приоритети. Знаеме дека имаме уште долг пат, но вашиот поттик ни дава силна мотивација да продолжиме со евроспската агенда“.

Заев на крајот на говорот беше поздравен со аплауз како поддршка од страната на пратениците во Европскиот Парламен