Премиерот Зоран Заев вели дека во моментов нема разговори со Бугарија, поради празниците, но тие ќе продолжат.

Во моментов нема разговори затоа што таму е коледе, па Нова Година, па доаѓа кај нас Божик, празници, а после празниците ние ќе одржиме координација, со МНР и тимот од мојот кабинет, заедно со специјлниот претставник Владо Бучковски, за да продолжиме во делот на Акциониот план кој е изработен на наш предлог под раководство од министерот Бујар Османи, со кој се покриваат сите области, односно инфраструктура, образование, музика, култура… Очекуваме ако имаат идеи да ги надополнат, пред Божик кај нас, иако се пред избори. Натаму ќе продолжат и политичките контакти под раководството на двајцата министри за надворешни. Реално очекувам напредок после изборите кај нив, бидејќи нерационално е да се очекува пред изборите да се донесе некое решение кое би го ослободило нашиот пат кон Европската унија“, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.