Премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во работна посета на Сојузна Република Германија, по повод доделување награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС).
Церемонијата на доделување на наградата ќе се одржи попладне, а ќе ја отвори германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.
Заев во Берлин ќе се сретне со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој утре ќе претседава со министерскиот состанок на ЕУ, каде што се очекува и одлука околу преговарачката рамка за С Македонија, во ситуација кога соседна Бугарија најавува блокада.
Comments are closed for this post.