Во тек е постапката за избор за избор за амбасадор, потврди денеска премиерот Зоран Заев на прашање на пратеникот Антонио Милошоски.

Потребно е да се постават амбасадори час поскоро. За конкретните имиња, за двајца од нив се разговара, за нив воопшто не се разговара-објасни Заев.

Милошоки го потсети Заев на изјавата на Димитров пред неколку години дека „влада во заминување не треба да поставува амбасадори“ и оти не треба како земја да се доведеме во состојба да треба да се отповикува или да го враќа дома.

Различни се принципите и дека чесно е да се каже. Инаку нова влада нема да има ни в април ни во мај ни во јуни. Што побрзо го сфатите тоа ќе биде подобро за вас -одговори на тоа Заев