Додека СДСМ си игра држава, Собранието е блокирано поради немањето квориум на владејачкото мнозинство. Поради неспособноста на СДСМ парите од граѓаните не можат да завршат во македонската економија.
Поради внатрепартиските пресметки Во ДУИ и СДСМ и проблеми во коалицијата граѓаните страдаат. Неможноста на СДСМ да собере кворум во собранието за да се изгласаат закони од витално значење на граѓаните доведуваат до тоа да се закочат изградби на детски градинки, училишта и болници енергетски ефикасни фасади и нови, еколошки системи за греење.
Зоран Заев ја доведе државата и институциите на праг на нефункционалност. Желбата да се остане по секоја цена на власт ја закочи државата. Собранието не може да функционира со месеци наназад.Институциите се сосема нефункционални.
Собранието не функционира додека во Македонија јавниот долг расте и достигна близу 7 милијарди, поради пандемијата има нови 55.000 невработени, а 6200 фирми се затворени.
На усвојување чекаат околу 130 закони, 4 седници се започнати а не се завршени.Не се закажуват нови седници. Голем број пратеници доаѓаат во Собранието, земаат дневници и патни трошоци а не присуствуваат на седниците. Прашање на време е кога Заев ќе признае неспособноста да обезбеди кворум и и свика лидерска средба и покрај тоа што доверба на владата беше изгласана само пред неколку седмици?
Comments are closed for this post.