Бугарија не побарала соработка од македонските власти во однос на истрагата за продажба на бугарски државјанства, рече премиерот Зоран Заев во Лисабон во изјава за бугарски новинари.

Нам ни е јасно дека многу Македонци имаат бугарски пасоши и ние имаме Бугари во Македонија. Ние немаме проблем, но ако нешто е нелегално, Бугарија ќе си го востанови тоа, рече Заев во Лисабон, каде учествуваше на Конгресот на Партијата на европските социјалисти.