Новиот министер за правда Бојан Маричиќ вчера го искоментира барањето на ВМРО-ДПМНЕ Јавнииот обвинител да се избира на предлог на опозицијата. Министерот објасни дека изборот на јавен обвинител е определен со Уставот и за да се смени начинот на избор мора да се менува Уставот.

„Согласно процедурата, според Уставот, Владата го предлага, а Собранието го избира со апсолутно мнозинство. За да се промени таа процедура, треба да се промени Уставот, и сметаме дека не е време за тоа. Политиката треба да остане настрана од судството“,.

 

Но, како беше пред неколку години

 

Кога СДСМ и Зоран Заев беа во опозиција незадоволни од работата на тогашниот јавен обвинител Марко Зврлески ветија дека кога тие ќе дојдат на власт опозицијата ќе го го предлага Јавниот обвинител.Со тоа велеше Заев ќе покажат дека не сакаат никакво влијание во судството и ете тој може да биде „човек“ на опозицијата.

На местото на Зврлески со доаѓањето на СДСМ на власт дојде Љубомир Јовески кој во јавноста е окарактеризиран како близок до власта но сега тоа не му пречи на Заев.

Истиот став Заев го повтори и на 5 јули 2017 година.Тогаш рече дека опозицијата ќе добиела Јавен обвинител за две години.

Ветивме дека по втората година на предлог на опозицијата ќе се избира јавен обвинител. Сега на Македонија ѝ треба да биде исправена пред реформите и најдобриот експерт што можеме да го најдеме дома да биде државен јавен обвинител“, додаде Заев. Тој го повтори ставот дека очекува експертско решение за оваа позиција.

Пред само една година Заев повторно рече тој нема проблем опозицијата да добие обивнител кој ќе го испитува него, Шекеринска, Спасовски и Анѓушев.