Премеирот Зоран Заев, кој е во Тетово по пожарот во ковид центарот на Фејсбук изрази сочувство до семејствата на настраданите. Во објавата тој пишува дека пожарот го предизвикала експлозија.

Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе.
Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.
Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.
Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово.