Премиерот Зоран Заев не може да биде и мнинистер за финасии. Има судир на интереси“, велат од Антикорупциска комисија за Пресинг ТВ.

Се очекува наскоро соопштение.

Според Законот за спречување корупција и судир на интереси, донесен од ова парламентарно мнозинство, а прогласен со потписи на Иванов и Џафери на 17 јануари 2019 година, објавен во Службен весник на 19 јануари 2019 година.

Член 44 став 2:

„Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република
Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител,
јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува
Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на
локалната самоуправа се неспојливи една со друга.“

Член 44 став 3:

„На избраните и именуваните лица, чии функции се извршуваат професионално,
работниот однос им мирува согласно со закон“.

Се прават обиди за правна еквилибристика и место министер да стои премиерот ќе раководи и со министертсвото за финасии. Меѓутоа во веќе испратениот предлог до Собранието децидно стои дека премиеро ќе бхиде и министер за финасии. Најверојатно ќе има обид за нов предлог, во кој ќе биде тргнат зборот министер и ќе стои само раководи.

Во Законот за Vлада, пак, во членот 11 се наведува дека „Претседателот на Владата раководи со работата на Владата, одговорен е за нејзината работа и остварува соработка со другите органи, јавни претпријатија и установи, го насочува дејствувањето на Владата во целина и на нејзините членови во согласност со програмските определби и насоките што таа ги утврдува, ги потпишува прописите и актите што ги донесува Владата и се грижи за нивното спроведување…

Седницата требаше да почне во 11 часот.