Премиерот Зоран Заев апелира сите што имааат какви било информации да пријавуваат бесправна сеча и кражба на дрва со цел да се искорени оваа незаконска појава со редица последиц. Премиерот тврди дека сите институции преземаат активности  за фаќање и санкционирање на дрвокрадците.

За време на промоцијата на владината мерка за ваучери за инвертори  Заев потенцираше дека податокот оти милион и сто илјади квадратни метри од дрвата се од дрвокрадци е од 2016 година, но дека тоа не значи оти и денес ја нема таквата појава.

 Правиме секаков вид процедури и постапки за фаќање на дивокрадците. Еден дел од  постапките и предметите во судовите е токму за крадење дрва. Се одземаат самари, коњи, запрежни коли, трактори, има и со шлепери. Правиме напори  на сите страни, работиме со народ. Сите стратегии и аспекти на државата, како Влада, како Парламент, институции  се до крај  откоренување на ова криминално дејствување на поединци во државата – изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Како што потенцира премиерот, секој  кој е фатен е процесуран за одговорност, а се прават напори  да не се дозволи директно државните институции да даваат мотивација, туку  само да преземат поголеми чекори за отстранување на ова зло изразено во перифериите на населените места, селата, особено во ридско планинските места,  но и во градовите.

Колку и да е евтино загревањето со инвертор не е поевтино од крадено дрво. Ако сакаме  ваквите политики да ни успеат треба да ги засилиме активностите. Апелирам и граѓаните  да пријавуваат и отворено да зборуваме дека прво тоа е нелојална конкуренција, мотивира незаконски дејствија и создава мал милион негативни последици од неговото практицирање – изјави Заев.

Премиерот истакна оти верува дека бројката за бесправна сеча е намалена заради сите засилени контроли. Тој истакна дека во Буџетот се зголемени средствата за дополнително обезбедување теренски возила за шумската полиција чии вработени добиле дополнителни надлежности  покрај редовните контроли за дополнителен начин на мониторинг.